сезона: 1
Содржина
„Глутница е приказна за граничарите во Бештадските Планини, но и за едно место кое определува специфични ставови и однесувања. Приказната почнува со бомбашки напад кој ги убива граничарите што биле распоредени на Бештадските Планини. Само еден од нив преживува. При нападот, капетанот Ребров (Лешек Лихота) ги губи своите пријатели и својата љубена Ева. Чувствувајќи се збунет, тој се обидува да ја открие заднината и да дознае кој го испланирал бомбашкиот напад. И неговите команданти се решени да ја откријат вистината. Официјалната истрага е предводена од обвинителот.
Сезоната на „Глутница од шест епизоди е во режија на Касја Адамик и на Михал Газда. Во серијата играат: Лешек Лихота, Бартломеј Топа, Магдалена Поплавска, Александра Поплавска, Анджеј Жјелински, Марјан Жижил, Дагмара Бак и Мациеј Миколајцук. Томаш Аугустинек е директор на фотографија. Музиката е компонирана од Лукаш Таргош. Во серијата е користена и музика од локалниот музички состав „Толхаје.
„АТМ Група - Артур Ковалевски е извршен продуцент. Изабела Лопух е надзорен продуцент за ХБО Полска. Ентони Рут е надзорен продуцент за ХБО Европа.