сезона: 2

епизода: 4 - STRAY DOGS

Содржина

„Семејството Борџија“ е комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Добитникот на наградата „Оскар“, Џереми Ајронс, се враќа во улогата на итриот и манипулативен патријарх на семејството Борџија, кој влегува во највисоките кругови на моќта во ренесансна Италија и станува папата Александар VI. За оваа улога Ајронс е номиниран за наградата „Златен глобус“. Обидувајќи се да ја консолидира својата моќ, Александар го тера своето семејство да се заколне на одмазда против големите благороднички семејства кои се осмелија да им се спротивстават, што предизвикува папската столица повторно да се соочи со политички превривања. Но вистинските проблеми на Александар лежат во неговите деца, кои растат и се противат на неговиот авторитет. Лукреција оформува чуден сојуз помеѓу Ваноза и Џулија и заедно коваат завера за борба против корупцијата во Ватикан. Ривалството помеѓу Чезаре и Хуан наскоро ќе се претвори во омраза, кога фаворизирањето на нивниот татко што го прави кон Хуан предизвикува Чезаре да ја употреби својата мрачна страна. На други места во Рим, стариот непријател на Александар, Дела Ровере, влегува инкогнито во градот и кова завера за негов атентат.
Епизода 4:
Стариот непријател на Александар, Лудовико од Милано и моќниот мантовански војвода Гонзага го бараат благословот на папата за сојузништво со Венеција за да ја нападнат француската војска, која сè уште прави пустош низ италијанските села. Чезаре дознава дека Французите при повлекувањето го запалиле женскиот манастир „Св. Сесилија“ и дека неговата сакана Урсула е убиена. Тој и Микелето регрутираат група убијци и платеници за да се одмаздат. Оставајќи ја Лукреција да го води Ватикан, Александар и Чезаре патуваат за да им се придружат на италијанските сили кои, изгледа, немаат шанси пред француските топови...

Слики

Beta FilmBeta FilmObitelj Borgia 11Obitelj Borgia 12Obitelj Borgia 13Obitelj Borgia 14Obitelj Borgia 15Obitelj Borgia 16Семејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството Борџија

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Јадници (2018)

    image
    Телевизијска адаптација класичног романа Виктора Хугоа. Серија прати животе и меѓусобне односе неколико француских ликова у двадесетогодишњем периоду раног 19....
  • Кенедиеви (2011)

    image
    Као амерички велепосланик у Великој Британији Јосепх П. Кеннедy старији настоји спријечити улазак САД-а у Други свјетски рат и отворено подупире Мüнцхенски...
  • Моќ (2014)

    image
    Јамес Гхост Ст. Патрицк има све: прелепу жену, предиван стан на Менхетну и новоотворени ноќни клуб у Њујорку. У његов клуб, Трутх, долази само елита: позната и...
  • Вовед во анатомија (2005)

    image
    'Увод' је други најгледанији програм у Америци, одмах иза овогодишњег Супербоwла који је био најгледаније финале америчког ногомета посљедњег десетљеќа. Серија је...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.