сезона: 2
Содржина
„Воин“ е мрачна, акциска крими-драма, која се одвива за време на бруталните тонгошки војни во Кинескиот кварт во Сан Франциско од втората половина на 19 век. Серијата го следи Ах Сам (Ендру Коџи), голема надеж во боречките вештини, кој емигрирал од Кина во Сан Франциско под мистериозни околности и станува ударна тупаница на еден од најмоќните тонги (назив за кинеско мафијашко семејство). Снимана во Кејптаун, Јужна Африка, оваа драмска серија на „Синемакс“ е базирана на записите на легендата на боречките вештини Брус Ли и е создадена и продуцирана од Џонатан Тропер („Банши“) и од Џастин Лин.