сезона: 1

епизода: 4 - Part Four

Содржина

HBO ја претставува својата најнова мини серија: „Милдред Пирс, која ги оживува незаборавните ликови од класичниот роман на Џејмс М. Кејн од 1941 во кој се прикажани гордоста и привилегиите на средната класа. Во серијата игра познатата актерка, Кејт Винслет (добитничка на Оскар за „Читачот) во главната улога, а косценарист и режисер е Тод Хејнс (номиниран за Оскар за сценариото „Далеку од рајот). Оваа драма во пет дела претставува интимен портрет на една уникатно независна жена која се разведува за време на Депресијата, па се бори да изгради нов живот за себеси и за своето семејство. Драмата ја прикажува неразумната посветеност на Милдред кон својата разгалена ќерка, Веда (која ја игра Еван Рејчел Вуд во подоцнежните делови), како и сложените врски кои таа ги дели со безволните мажи во својот живот, како и нејзиниот љубовник, играч на поло, Монти Берагон (Гај Пирс) и поранешниот сопруг, Берт Пирс (Брајан Ф. О'Бирн).
Четврт дел:
По четири години (1937-1938). Откако го прошируваат својот ресторан, Милдред и Луси, нејзината најдобра пријателка и помлад деловен партнер, ја меркаат Лагуна Бич како нова локација за ресторан на кејот на океанот, со морска храна и бифтеци на менито. Сепак, деловниот успех на Милдред е намален поради растечкото несогласување со Веда која очајува кога нејзиниот учител по пијано умира и за него се бара замена во добро познатиот диригент, Карло Тревизо. Веда завршува во друштво со познатата Семи Форестер, чија мајка ја изненадува Милдред со шокантни обвинувања за нејзините деца. Кога Милдред се соочува со Веда, доаѓа до емотивна караница и Милдред во лутина ја брка од домот. По неколку месеци без никаква комуникација помеѓу нив две, Берт ѝ кажува на Милдред за успехот на Веда како пејачка на радио. Слушајќи како Веда пее, Милдред чувствува болка поради отуѓувањето на својата ќерка и е решена да ја врати кај себе.

Слики

Милдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсMildred Pierce 02Mildred Pierce 03Mildred Pierce 04Mildred Pierce 05Mildred Pierce 07Mildred Pierce 08Mildred Pierce 09Mildred Pierce 11

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Судбина (2014)

    image
    С једне стране је Кахраман (Озкан Дениз), син угледне породице Јорукхан, а с друге Елиф, сиромашна девојка која ради на пољу. На први поглед се чини да њих двоје...
  • Специјализант (2018)

    image
    Др. Рандолпх Белл (Бруце Греенwоод) је шеф кирургије у болници и очигледно пати од болести због које не би смио оперирати. Његове 'дрхтаве руке' њему не...
  • Приказни за бури (2019)

    image
  • Цранфорд (2007)

    image
    Оскаровка Јуди Денцх глуми у овој јединственој, богатој и хумористичној драми смјештеној у викторијанској Енглеској 1840. заједно с Францесцом Аннис, Еилеен...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.