HBO ја претставува својата најнова мини серија: „Милдред Пирс“, која ги оживува незаборавните ликови од класичниот роман на Џејмс М. Кејн од 1941 во кој се прикажани гордоста и привилегиите на средната класа. Во серијата игра познатата актерка, Кејт Винслет (добитничка на Оскар за „Читачот“) во главната улога, а косценарист и режисер е Тод Хејнс (номиниран за Оскар за сценариото „Далеку од рајот“). Оваа драма во пет дела претставува интимен портрет на една уникатно независна жена која се разведува за време на Депресијата, па се бори да изгради нов живот за себеси и за своето семејство. Драмата ја прикажува неразумната посветеност на Милдред кон својата разгалена ќерка, Веда (која ја игра Еван Рејчел Вуд во подоцнежните делови), како и сложените врски кои таа ги дели со безволните мажи во својот живот, како и нејзиниот љубовник, играч на поло, Монти Берагон (Гај Пирс) и поранешниот сопруг, Берт Пирс (Брајан Ф. О'Бирн). Прв дел: Глендејл, Калифорнија, 1931. Милдред Пирс, млада мајка со пекарски талент се разведува откако го исфрла од дома својот сопруг, Берт. Присилена да бара работа за да се издржува себеси и своите две млади ќерки, 11-годишната Веда и 7-годишната Реј, Милдред оди во една агенција за вработување, но таму има само работни места за кои таа смета дека не се на нејзиното ниво. При барањето работа, таа добива совети од својата пријателка и сосетка, Луси Геслер, па почнува неочекувана афера со еден поранешен деловен партнер на нејзиниот маж, Воли Бурган. Кога Милдред добива повик од агенцијата околу една понуда за работа како чистачка кај една богата жена, таа неволно се согласува да се сретне со неа. По интервјуто, Милдред оди во едно локално кафуле каде судбината и една келнерка по име Ида ќе играат улога во обликувањето на нејзината иднина.

Беше на каналите:

HBO3  HBO2  HBO  

Препораки
  • Момците од Медисон (2007)

    image
    Сместен во 60-тите во Њујорк, „Момците од Медисон“ ја истражуваат гламурозната и од его движената „златна епоха“ на рекламите, каде што секој продава нешто и...
  • Тајните на младите благороднички (2010)

    image
    Радња је смештена у доба Ане Карењине, у 1877. годину када је руска империја била у рату са Турском. У центру збивања налазе се ученице плаве крви, надалеко...
  • Превара (2021)

    image
    Адаптација награѓиване британске серије 'Тхе Сплит', у којој су окосница радње сестре одвјетнице, које се баве парницама славних и моќних истанбулских обитељи....
  • Лекари во Чикаго (2015)

    image
    Прича прати свакодневни хаос у најпрометнијој болници и храбар тим доктора. Обраѓиваќе јединствене случајеве у вечито ужурбаном ургентом центру а правиќе им...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.