сезона: 1

епизода: 5 - Part Five

Содржина

HBO ја претставува својата најнова мини серија: „Милдред Пирс, која ги оживува незаборавните ликови од класичниот роман на Џејмс М. Кејн од 1941 во кој се прикажани гордоста и привилегиите на средната класа. Во серијата игра познатата актерка, Кејт Винслет (добитничка на Оскар за „Читачот) во главната улога, а косценарист и режисер е Тод Хејнс (номиниран за Оскар за сценариото „Далеку од рајот). Оваа драма во пет дела претставува интимен портрет на една уникатно независна жена која се разведува за време на Депресијата, па се бори да изгради нов живот за себеси и за своето семејство. Драмата ја прикажува неразумната посветеност на Милдред кон својата разгалена ќерка, Веда (која ја игра Еван Рејчел Вуд во подоцнежните делови), како и сложените врски кои таа ги дели со безволните мажи во својот живот, како и нејзиниот љубовник, играч на поло, Монти Берагон (Гај Пирс) и поранешниот сопруг, Берт Пирс (Брајан Ф. О'Бирн).
Петти дел:
1938-1940. Иако нејзините првични обиди да се смири со Веда не успеваат, Милдред на крајот повторно се поврзува со Монти, кој е пресреќен поради тоа што неговата нова богата љубовница го купува неговиот семеен имот во Пасадена. Во меѓувреме, кариерата на Веда како пејачка почнува да се развива под туторство на Карло Тревизо и еден нов менаџер. Иако мајката и ќерката конечно се смируваат на свадбата помеѓу Милдред и Монти, не оди сé така добро. По неколку финансиски проблеми, Милдред завршува во минус кога затвора ресторанот „Лагуна, а нелојалниот Воли се заканува дека ќе тужи во име на нејзините доверители. Берт ја тера Милдред да побара заем од успешната Веда, а таа се враќа дома и дознава нешто шокантно што засекогаш ќе го промени нејзиниот живот.

Слики

Милдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсMildred Pierce 02Mildred Pierce 03Mildred Pierce 04Mildred Pierce 05Mildred Pierce 07Mildred Pierce 08Mildred Pierce 09Mildred Pierce 11

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Милијарди (2016)

    image
    Добитници Емија и Златног глобуса, Пол Џијамати и Дејмијан Луис, глуме у овој замршеној драми о улози политике у свету њујоршких високих финансија. Путеви...
  • Забрањена љубав (2004)

    image
    Близанци Петра Новак и Данијел Лончар раздвојени су одмах након роѓења. Петра и Данијел не знају једно за друго, одрастају у различитим породицама, али повезује...
  • Горка земја (2018)

    image
    "Горка земља“ је прича о легендарној љубави која почиње у Истанбулу током 1970-их и наставља се у плодним земљама Цукурове у јужној Турској кроз кушње зла,...
  • За Семејството! (2021)

    image
    Вели и Хатиџе били су радници којима су можда недостајале материјалне ствари попут велике куќе, аутомобила и новаца за неуморну купњу, но њихова су им дјеца...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.