сезона: 1
Содржина
Подгответе се за пародија на британската висока класа. Оваа серија ни го прикажува Патрик Мелроуз (Бенедикт Камбербач), од привилегираното но длабоко трауматизирано детство до злоупотребата на дрога на 20 и кусур години.
Според серијалот романи од Едвард Сент Аубин, „Патрик Мелроуз“ ни ја прикажува британската висока класа преку животот на главниот лик, од детството полно со трауми, преку злоупотребата на дрога во подоцнежниот период од животот, па сè до конечното закрепнување. Бенедикт Камбербач (Шерлок) го игра Патрик Мелроуз, аристократ и плејбој, кој се обидува да се справи со штетата што му ја нанел татко му, но и мајка му која не го осудувала тоа однесување. „Патрик Мелроуз“ е вистинита телевизиска сага која на смешен и драматичен начин ни го пренесува дејството од Јужна Франција во 1960-тите, преку Њујорк од 1980-тите и подоцна во Британија од почетокот на 2000-тите. Серијата ќе посвети по еден час за секој од петте романи, а секоја епизода раскажува неколку хаотични денови од животот на Патрик.