poster

Вистинска крв

True Blood (2008)


Каде да се погледне
Емисијата не е достапна во државата

сезона: 7

епизода: 1

Содржина

Суки Стекхаус е келнерка-телепатка која наоѓа утеха во друштво на вампири. „Вистинска крв“ е серија која комбинира романса, крв, мистерија и хумор и вампирскиот жанр го претвора во нешто современо, свежо и сосема уникатно.
Благодарение на изумот за синтетичка крв на јапонскиот научник, вампирите од легендарни чудовишта се претворија во обични граѓани преку ноќ. Иако луѓето се отстранети од менито, многумина се плашат овие суштества да не „излезат од ковчегот“. Верските водачи и владите низ светот веќе одбрале страна, но малото гратче во Луизијана, Бон Тан, уште не донело одлука. Локалната келнерка, Суки Стекхаус (Ана Пакен), сепак знае какво е чувството да си одметник. Таа е „проколната“ да ги слуша мислите на луѓето и слободоумно размислува во поглед на интеграцијата на вампирите, особено кога се работи за Бил Комптон (Стивен Мојер), згодниот 173-годишен вампир. Но, кога Суки е вовлечена во серија мистерии околу пристигнувањето на Бил во Бон Тан, таа толеранција ќе биде ставена на тест. „Вистинска крв“ е сексапилна и страшна нова драма од режисерот на „Два метри под земја“, Алан Бол и навлегува во вешто создадениот свет на писателката на романи, Шарлин Херис. Бол, кој е добитник на наградата „Еми“ ја опишува серијата како „пуканки за паметни луѓе“, а во неа има одлична актерска екипа од локални отпадници и таа ветува одлично искуство.

Слики

Вистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крвВистинска крв

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Грим (2011)

    image
    Ницк Буркхардт, портландски детектив из одељења за убиства, мирно ради са својим партнером Ханком и ужива уз вереницу Јулиетте. Изненада се појави његова тетка...
  • Вампирски дневници (2009)

    image
    Не знате све о вампирима, баш као ни Елена Гилберт, главна јунакиња изврсне Wарнерове серије. Но Елена ќе сазнати и више него што је хтјела када се двојица...
  • Туѓинка (2014)

    image
    Прича о Клер Рендал, која се 1945., као бивша ратна болничарка, вратила куќи и са мужем кренула на други медени месец - а онда је прошла кроз усправне камене...
  • Освета (2011)

    image
    Емилy Тхорне (Емилy ВанЦамп) придошлица је у Хамптонсу. По свему судеќи, она је пријатељски расположена, софистицирана "дјевојка из сусједства", а њезин јој шарм...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.