рејтинг: 6.4/10
Оценка на корисникот: 7.8/10
(4 гласови)

Содржина

Кога ќе дојде време за забава, време е да се сруши куќата! Ако ги фатат, сѐ ќе биде готово. Но, ако не ги фатат тогаш тукушто ќе започне... Кид и Плеј играат во оваа урнебесна комедија која го започна лудилото по домашни забави.
„Куќна забава“ е заразна, енергична комедија во која игра рап дуото, „Кид ен Плеј“. Кид (Кристофер Рид) одлучува да направи забава каде планира да го урне кровот од куќата со своите вештини за рима, па така тој и неговиот пријател Плеј (Кристофер Мартин) прават огромна забава додека родителите на Плеј не се дома. На денот на забавата, Кид е казнет од својот татко (Робин Херис), па тој мора да се искраде од куќата за да оди на забавата, каде се соочува со неколкумина рапери кои му се ривали, како и со еден куп прекрасни девојки. Иако „Куќна забава“ следи стандардна приказна уште од рокенрол филмовите од 50-те, сценариото е инвентивно и дава многу различни заплети и перипетии, додека режијата на Реџиналд Хадлин е одлична и многу, многу смешна. „Кид ен Плеј“ се одлични, но навистина се истакнува легендарниот комичар, Робин Херис во една од малкуте негови улоги во филм. Подоцна, „Куќна забава“ произведе и две продолженија како и анимирана телевизиска серија.

Слики

Куќна забаваКуќна забаваWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner Bros

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Домашна забава (2023)

    image
    Кога две чистачки откриваат дека добиваат задача да ја чистат куќата на Леброн Џејмс додека тој е во странство, тие одлучуваат да направат огромна забава. Кога...
  • Џулиет, искрено (2018)

    image
    Џулиет е заглавена во долгогодишна врска со Данкан, кој е опседнат со рокерот Такер Кроу. Кога акустичното демо од пред 25 години ќе излезе во јавност, почнуваат...
  • Збогум на љубовта (2003)

    image
    Кога новинар од списание ќе се сретне со најпопуларната профеминистичка авторка со сопствена тајна агенда, почнува борба на родовите со многу пресврти, но и со...
  • На пат до ѕвездите 2 (2015)

    image
    „Барден Белас се враќаат за да го освојат светот. Ова е продолжение на светската хит-комедија од 2012 година за еден факултетски хор составен од чудни ликови....
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.