poster

Неславни копилиња

Inglourious Basterds (2009)

Режисер: Quentin Tarantino

рејтинг: 8.4/10
Оценка на корисникот: 7.9/10
(247 гласови)

Содржина

Во првата година од германската окупација на Франција, Шосана Драјфус (Мелани Лоран) е сведок на убиството на нејзиното семејство од страна на нацистичкиот поручник, Ханс Ланда (Кристоф Волц). Шосана за влакно бега во Париз каде си создава нов идентитет како сопственик и оператор на кино. На друго место во Европа, поручникот Алдо Рејн (Бред Пит) организира група од војници кои се американски Евреи, за да извршат брзи и ненадејни чинови на одмазда. Единицата на Рејн, која подоцна непријателот ќе ја нарекува „копилињата“, се придружува на германската актерка и тајна агентка, Бриџет Вон Хамерсмарк (Дајен Кругер) во една мисија за убивање на водачите на Третиот Рајх. Судбините се спојуваат и во едно кино, каде Шосана решава самата да изврши план за одмазда... Филмот „Неславни копилиња“ на Квентин Тарантино користи шунд и пропаганда во еднаква мерка, спојувајќи ги неславните, потиснатите, вистинитите и славните приказни за Втората светска војна.

Слики

Неславни копилињаНеславни копилињаNBCUNBCUНеславни копилињаНеславни копилињаНеславни копилињаНеславни копилиња

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Си било еднаш во Холивуд (2019)

    image
    Во 1969 г. во Лос Анџелес, бившата ѕвезда на вестерн ТВ сериите (Леонардо ди Каприо) и неговиот долгогодишен каскадер (Бред Пит) настојуваат да стигнат до славата...
  • Омразените осуммина (2015)

    image
    Како и во сите филмови на Тарантино, и во овој ќе уживате во моќни дијалози, многу пролиена крв и високи нивоа на тестостерон. Дејството се одвива десетина години...
  • Гранд Хотел Будимпешта (2014)

    image
    Дејството на филмот се одвива во драматичниот свет помеѓу војните и ги прикажува авантурите на Густав, легендарен консиерж во еден познат европски хотел, како и...
  • Бес (2014)

    image
    Во 1945 година, Сојузниците водат финални битки на европско тло. Неколкумина американски тенкисти започнуваат храбра мисија за пробивање преку непријателските...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.