Содржина
Уште како кученце, Неволја живее удобен живот. Расте во голема вила, јаде сочни стекови, спие на најубавата постелнина и живее живот за кој секое куче може да сонува. Но кога ќе остане без својот сопственик, Неволја ќе се најде сам на улица, далеку од својата куќа. Семејството на покојниот сопственик дури тогаш дознава дека Неволја е важен дел од тестаментот, па сите тргнуваат во потрага по него. Во меѓувреме, Неволја учи како да се снајде во реалниот свет и ги запознава Раузи, прекалено улично куче со кое станува најдобар пријател, и млада музичарка која се бори да го најде своето место под ѕвездите. Заедно тие се обидуваат да му помогнат на Неволја и да го научат на вистинските вредности во животот.