Содржина
Нова хит комедија на популарниот француски комичар Дени Бун кој, покрај главната улога, ги потпишува и режијата и сценариото.
Валентин Д и Констанс Брант се модерни архитекти коишто ја подготвуваат својата изложба. Но она што никој не го знае е дека згодниот архитект Валентин се срами од своето потекло и сите ги уверил дека е сирак, иако е всушност син на обични трговци со отпаден метал од северот на Франција. Се разбира, на изложбата се појавуваат мајка му, братот и сестрата, па работите полека стануваат сложени...