Содржина
„Шарли Ебдо: три дена терор почнува со ужасен масакр во канцелариите на сатиричното списание „Шарли Ебдо, а тој предизвика огромна потера и заврши со две драматични заложнички кризи. Приказната за тоа како се одвиваа трите дена терор, пренесена од перспективите на жртвите, безбедносните сили и високите владини службеници уште не е раскажана. Преку моќни интервјуа, оригинално новинарство и кинематографски раскажувачки техники, филмот претставува приказ на францускиот „11 септември создаден од режисерот Ден Рид. Настанот траеше 54 часа, остави 17 мртви и на светот му даде нов слоган: „И јас сум Шарли!