Содржина
Интимен профил на една од највлијателните мислителки од 20 век. Филмот го истражува животот на литературната, политичката и феминистичката икона преку архивски материјали и сведоштва од пријателите, семејството, колегите и љубовниците.
„За Сузан Сонтаг“ претставува интимна и суптилна истрага во животот на една од највлијателните и најпровокативните мислителки на 20 век. Полна со страст и сопствени ставови низ целата своја кариера, Сузан Сонтаг стана една од најбитните литературни, политички и женски феминистички икони на својата генерација. Документарецот го истражува животот на Сонтаг преку евоцирање експериментални слики, архивски материјали, сведоштва од пријателите, семејството, колегите и љубовниците, како и преку нејзините сопствени зборови, читани од страна на актерката Патриша Кларксон. Од нејзината рана опседнатост со книгите и нејзиното прво искуство во бар за хомосексуалци, од нејзиниот брак во адолесценцијата до нејзиниот прв љубовник, овој документарец претставува фасцинантен поглед врз една важна културна критичарка и писателка чии дела за фотографијата, војната, болеста и тероризмот одекнуваат дури до ден-денес.