Содржина
„Ролинг Стоунс“ ја слават својата 50-годишнина како најголем светски рокенрол состав, во овој храбар и нецензуриран преглед на музиката и енергијата што го следеше нивното патување од лондонските клупски свирки до светската слава.
„Меѓу два урагана“ во режија на Брет Морген е дел од прославата на 50-годишнината на „Ролинг Стоунс“. Овој одличен нов филм ја раскажува приказната за уникатното патување на „Стоунси“, од тинејџери опседнати со блуз во раните шеесетти до нивниот неоспорен статус како рок аристократија. Сите членови на „Ролинг Стоунс“ се скоро интервјуирани и нивните зборови го оформуваат наративот што ги спојува архивските снимки од настапите, известувањата од вести и интервјуата, од кои голем дел не се претходно видени. Преземајќи го насловот од еден стих во „Џампинг Џек Флеш“, „Меѓу два урагана“ на гледачот му дава интимен поглед за тоа како изгледа да се биде дел од „Ролинг Стоунс“, кои се соочуваа со отфрленоста, дрогата, кавгите и смртта за на крајот да излезат како победници. Филмот „Меѓу два урагана“ се правеше над една година во продукција и со целосна соработка и вклученост на „Ролинг Стоунс“. Тој е и ќе остане приказна за најдобриот рокенрол состав на светот.