Содржина
Повеќепати номинираниот за оскар, Питер О'Тул, додава уште една необична улога на неговото резиме со мистичната комична драма „Парохот Спенли“.
Адаптиран од новелата на Лорд Дансани, "Моите разговори со парохот Спенли", со Тоа Фрејзер на кормилото, а како ѕвезда во филмот игра О'Тул како Хорацио Фиск, еден избувлив и пакосен седумтесетгодишник, кој ги живее последните години од својот живот кон крајот на дваесеттиот век. И покрај отуѓеноста и благата застранетост во врската со неговиот син Хенслоу (Џереми Нортам), Хорацио редовно му прави друштво на младичот за излегување. Здодевноста и монотонијата на овие излегувања евентуално стануваат неиздржливи, па двајцата решаваат да посетат предавање на еден Хинду свештеник за Преселба на душите. На предавањето, нивните патишта се пресекуваат со ексцентричниот парох Спенли (Сем Нил), и процветува пријателство помеѓу Спенли и Хенслоу. Кога Спенли ќе му се придружи на Хенслоу на приватна вечера и ја прифаќа поканата да најдат едно ретко унгарско вино познато како Кралски Токај, Спенли инстинктивно изнесува мемории од претходен живот, проживеан како куче – и неговите сеќавања откриваат прилично бизарна поврзаност со семејното минато на Хорацио.