сезона: 1
Содржина
Од номинираниот за “Оскар“ Лука Гвадањино („Викај ме со твоето име“) доаѓа грубото и искрено истражување за комплексноста на растењето и за тоа дека вистинското себеоткривање понекогаш бара силна конфронтација со социјалните норми. Осумте епизоди од првата сезона го следат 14-годишниот Фрејзер кој е оттргнат од својот живот во Њујорк кога мајка му Сара Вилсон ја прифаќа високата воена позиција во една армиска единица стационирана во крајбрежниот град Кјоџа, Италија. Дрзок и импулсивен, Фрејзер е среде истражувањето на својот родов идентитет и отпрвин изгледа незаинтересиран во прифаќањето на новото окружување. Но кога ја среќава Кејтлин, уште една тинејџерка во базата која исто така се мачи со својот идентитет, нивното пријателство создава безбеден простор при што тие можат да бидат она што навистина се.