сезона: 1
епизода: 1 - LIFE IS A CABARET
Содржина
Протегајќи се низ пет декади, „Фоси/Вердон“ го истражува единственото романтично и креативно партнерство помеѓу кореографот и режисер Боб Фоси (Сем Роквел), и Гвен Вердон (Мишел Вилијамс). Тој е визионерски филмограф и еден од највлијателните кореографи и режисери. Таа е најдобрата бродвејска танчарка на сите времиња. Само Боб може да ги создаде неверојатните мјузикли што ѝ овозможуваат на Гвен да ја покаже својата величина. Само Гвен може да ја разбере уникатната визија во главата на Боб. Заедно, тие ќе го сменат лицето на американската забавна индустрија - по многу висока и опасна цена.