сезона: 1
Содржина
Петоделната серија „Чернобил“ ја драматизира приказната за нуклеарниот инцидент од 1986 г., една од најголемите катастрофи во историјата, како и за храбрите мажи и жени кои се жртвуваа за да ја спасат Европа од незамислива катастрофа.
„Чернобил“, петоделната кратка серија во копродукција на ХБО и Скај, ја драматизира приказната за нуклеарниот инцидент од 1986 г., една од најголемите катастрофи предизвикани од човек во историјата, како и за направените жртви за да се спаси Европа од незамислива катастрофа. На 26 април 1986 нуклеарниот реактор Чернобил во Украина, Советски Сојуз, претрпе масивна експлозија којашто ослободи радиоактивен материјал низ Белорусија, Русија и Украина, а досегна и до Скандинавија и Западна Европа. Џеред Харис го игра Валериј Легасов, водечки советски нуклеарен физичар. Како дел од тимот за реакција, тој беше меѓу првите што ги сфатија размерите на огромната катастрофа. Стелан Скарсгард го игра советскиот заменик-министер Борис Шчербина, кој е назначен од Кремљ да ја предводи владината комисија во Чернобил по неколку часа од несреќата. Емили Вотсон ја игра Улана Комијук, советски нуклеарен физичар. која е посветена да ја реши мистеријата околу тоа што довело до катастрофата во Чернобил.