poster

Вавилон Берлин

Babylon Berlin (2017)

Режисер: Henk Handloegten, Tom Tykwer

Каде да се погледне
Емисијата не е достапна во државата

епизода: 5

Содржина

Берлин во лудите 1920-ти е метропола за талентираните и амбициозните. Но, зад блескавата површина, осиромашените маси се стремат кон подобар живот. Тоа е време на организиран криминал и на политички екстремизам.
„Вавилон Берлин“, пролетта 1929 година, метрополата врие. Од економијата до културата и од политиката до подземјето, сѐ е во процес на радикални промени. Шпекулациите и инфлацијата веќе ги поткопуваат основите на сѐ уште младата Вајмарска Република. Сѐ поголемата сиромаштија и невработеноста се во голема спротивставеност со декаденцијата на ноќниот живот во градот и со вишокот на креативна енергија. Гереон Рат е млад полициски инспектор од Келн. Тој е префрлен во Берлин за да се реши криминалниот случај со порнографскиот синџир што го води берлинската мафија. Тоа што на прв поглед личи на едноставен случај со изнудување, наскоро се прикажува како скандал што засекогаш ќе ги смени животите на Гереон и на неговите соработници. Заедно со стенографката Шарлот Ритер и со неговиот пријател Бруно Волтер, Рат е соочен со мрежа на корупција, како и со трговија со дрога и со шверц на оружје, што го присилуваат да влезе во егзистенцијален конфликт додека е растргнат помеѓу својата лојалност и вистината. А ние постојано се прашуваме, кој во приказнава е пријател, а кој непријател.

Слики

Вавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон БерлинВавилон Берлин

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Гомора (2014)

    image
    „Гомора“ е приказна за злогласната неаполска криминална организација „Камора“, видена низ очите на Циро, верниот и самоуверен помошник на кумот на кланот, Пјетро...
  • Мекмафија (2018)

    image
    Надахнута бестселером Мисхе Гленнyја, ова узбудљива драма бави се сложеном глобалном мрежом организираног криминала: од прања новца на Блиском истоку до руских...
  • Све што је битно (2006)

    image
    Диана Соммер (Тања Сзеwцзенко) има двадесет три године, живи с мајком и очухом у радничком дијелу Ессена и ради као достављачица на ролама. Њезин је сан постати...
  • Град на ридот (2019)

    image
    Дејствието се одвива во Бостон, во раните 1990-ти кога градот бил преполн со насилни криминалци поради корупцијата и расизмот во локалната Полиција, но одеднаш...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.