сезона: 1
Содржина
„Одредиште Русија 2018 е документарна серија во десет дела, со најинтимните и лични приказни на ѕвездите на светското фудбалско првенство годинава. Ова е прва соработка помеѓу ХБО Европа и ХБО Латинска Америка, а прикажува поглед врз страста, пријателството, солидарноста и постигнувањата преку искуствата на големите фудбалски имиња и луѓето околу нив. Тоа е прослава на најуниверзалниот спорт и на тимовите што летово ќе се борат за да дојдат до врвот на фудбалскиот свет. Со „Одредиште Русија 2018 ќе патуваме во многу земји каде што фудбалот е извор на огромна страст со сите свои бои и емоции и со уникатната визија и перспектива за раскажување приказни по која е познат ХБО.
Еп. 8 - Мексико: златни момчиња / Бразил: Габриел Хесус:
Мексиканските играчи веќе знаат што значи да се победи. Тоа е истата група што освои злато на Олимпијадата во 2012 година во Вембли. Габриел Хесус, ѕвездата на Манчестер Сити, не го заборава своето потекло: „Можам да излезам од Пери, но Пери никогаш нема да излезе од мене.