сезона: 4
епизода: 22 - THE FATHER DAUGHTER DANCE
Содржина
Високо оценета од критиката, комедијата „Родители и деца, од добитникот на наградата „Еми, Грег Гарсија, ги прикажува хумористичните авантури на семејството Ченс додека го одгледуваат прекрасното девојче по име Хоуп.
По бракот на Џими со неговата долгогодишна љубов Сабрина, во минатата сезона, младата двојка се пресели во свој дом. Но тие сепак сфаќаат дека им се потребни родителите на Џими, Вирџинија и Берт, за да им помогнат да ја одгледаат ќерката на Џими, Хоуп. Иако и самите биле родители-тинејџери, Вирџинија и Берт во Хоуп гледаат како на своја втора шанса, да се поправат во родителството по сите грешки што ги направиле со Џими. Тие продолжуваат да живеат со збудалената баба на Вирџинија, Мау Мау, чии ексцентрични испади сите ги држат на штрек, бидејќи таа има тенденција да си ги губи алиштата, а понекогаш мисли и дека е Втората светска војна. За да заработат за живот, Џими и Сабрина сѐ уште работат заедно во супермаркетот „Хаудис под надзор на нивниот несмасен менаџер Барни.