Кога ќе се случи неочекуваното... . . Барем се надевате дека имате семејство. „Родители и деца“ е нова еднокамерка комедија од добитникот на Еми, Грег Гарсија, што го следи семејството Ченс додека се навикнуваат на неочекуваниот нов член на нивното, веќе дисфункционално семејство. На 23 години, ЏИМИ ЧЕНС (Лукас Неф) не напредува во животот. Чисти базени за да преживее, се забавува секоја вечер и уште живее со своите родители, па дури и со неговата Мау-Мау (Клорис Личман); мајка му, ВИРЏИНИЈА (Марта Плимптон) и татко му, БАРТ (Герет Дилахант). Животот на Џими тргнува во неочекувана насока кога една случајна романтична средба со ЛУСИ (гостинка Бижу Филипс) ќе тргне наопаку кога ќе дознае дека таа е баран криминалец. Неколку месеци подоцна, Џими оди до локалниот затвор, дознава дека Луси е бремена со нивното дете, а откако ќе го роди, тој ќе биде задолжен за нивната ќерка. Дома, семејството на Џими не е одушевено од новиот член на семејството. неговите родители, кои го добиле кога имале 15 години, не знаеле ништо за тоа како се воспитува дете и не се заинтересирани да се обидат пак. На Џими може да му помогне САБРИНА (Шенон Вудворд), зајадлива записничарка што ја запознал во супермаркет, само да собере храброст да ја праша да излезат. И покрај сѐ, Џими е решен да се грижи за бебето, кое Вирџинија мисли дека треба да го крстат ХОУП (Надеж). Со многу малку знаење, но со добри намери, ќе успее ли семејството Ченс, кога ќе навлезат во непредвидливиот и многу предизвикувачкиот свет на родителството?

Беше на каналите:

Stinet  RTL2  FOX  HBO2  HBO  FOX Life  

ПРЕПОРАКИ
  • Raven's Home (2017)

    image
    Raven and Chelsea are now divorced single mothers raising their two separate families in one chaotic, but fun household full of friends. When one of Raven's kids...
  • Bunk'd (2015)

    image
    Спин-офф популарне серије "Јессие" у којем главне улоге имају Емма, Рави и Зури Росс. Емма, Рави и Зури одлазе из Неw Yорка у камп Кикиwака гдје ќе започети нови...
  • М(ј)ешовити брак (2003)

    image
    Серија "М(ј)ешовити брак" снимљена је на основу истоимене позоришне представе која спада меѓу најгледаније последњих година. Наравно, додати су нови ликови,...
  • Seksenler (2012)

    image
    Turkey's series about the events experienced in the 1980s
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.