сезона: 2
епизода: 3 - Chapter 9: Saving My Tears Until It's Official
Содржина
Оваа серија е револуционерен документарец во шест дела, во режија и во продукција на Ендру Јарецки, со Марк Смерлинг како продуцент и задолжен за снимањето. Таа ги прикажува одамна заборавените информации откриени за време на седумгодишната истрага на серија нерешени злосторства, како и човекот осомничен дека е во нивното средиште – Роберт Дурст, наследник на милијардерското њујоршко семејство Дурст. Документарецот е направен со негова целосна соработка. Дурст, кој е брилијантен, повлечен и е предмет на медиумското интересирање, никогаш нема проговорено во јавноста, сѐ до сега. За време на ексклузивните интервјуа со Јарецки, тој зборува со неверојатна искреност, откривајќи ги тајните за случај кој 30 години претставуваше загатка за властите. Долго време осомничен за исчезнувањето на неговата убава млада жена во Њујорк во 1982 година, за убиството на клучниот сведок во случајот во 2000 година во Беверли Хилс и за последователното убиство и распарчување на еден сосед во Галвестон, Тексас, Дурст постојано тврдеше дека е невин, а и до ден-денес е на слобода. Овој документарец без преседан го прикажува дури и Јарецки како го гради односот со Дурст, разоткривајќи илјадници страници од скриени документи, полициски досиеја, клучни сведоци, до сега невидени снимки, како и приватни снимки од затвор.