сезона: 5
епизода: 1 - TURN! TURN! TURN!
Содржина
Веќе петта сезона, "Вистинска Крв" е секси, морничава, развратна серија-драма на каналот Ејч-Би-Оу, на добитникот на "Оскар" и на "Еми", Алан Бол ("Два метра под земја"), која е заснована на романите за Соки Стекхаус на Шарлин Харис. Освен омилените ликови – волшебната Соки Стекхаус; додворувачите вампири Бил Комптон и Ерик Нортман; трагачката по души Тара; шефот менолик Сем; развратниот брат Џејсон; видовитиот(та) Лафает и вампирката Џесика – петтата сезона прикажува цел нов бран духовни ликови. Тука се: вампирскиот чувар Роман, претседател на Власта, кој сака соработка меѓу луѓето и вампирите; вампирскиот фанатик Салом, решена да го пресоздаде светот според божјата вампирска слика; канцеларката Нора, која го дели истиот творец како и Ерик; врколаците Џеј Ди и Марта, кои сакаат колебливиот Алсид да го зазеде местото водач на глутницата, и многу други. Романса, неизвесност, мистерија и хумор, во петтата сезона"Вистинска крв" навлегува подлабоко во борбата меѓу Власта и "вампирските фундаменталисти" – политичка моќна игра, чија разврска може да ја определи не само судбината на Соки и нејзините пријатели туку и на целиот човечки род.
Епизода 1:
Очајни дека може засекогаш да ја изгубат, Соки и Лафает се во дилема што да прават со Тара додека расчистуваат по Деби Пелт. Во меѓувреме, Бил и Ерик, расчистувајќи го својот неред, ги посетува Власта, а една од нив е Нора, жена од минатото на Ерик. Во потрага по исчезнатиот Маркус, глутницата на Алсид го брка Сем. Без Бил, Џесика ужива во новата слобода, забавувајќи се со младите колеги. Џејсон го посетува неодамна преобразениот Стин Њулан. Послетрауматскиот стрес кај Ерик го поттикнува другарот од војната во Ирак, Патрик. Алсид ја предупредува Соки на од скоро излезениот од земја Расел Едингтон.