сезона: 2
епизода: 7 - THE SIEGE AT FORLI
Содржина
„Семејството Борџија“ е комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Добитникот на наградата „Оскар“, Џереми Ајронс, се враќа во улогата на итриот и манипулативен патријарх на семејството Борџија, кој влегува во највисоките кругови на моќта во ренесансна Италија и станува папата Александар VI. За оваа улога Ајронс е номиниран за наградата „Златен глобус“. Обидувајќи се да ја консолидира својата моќ, Александар го тера своето семејство да се заколне на одмазда против големите благороднички семејства кои се осмелија да им се спротивстават, што предизвикува папската столица повторно да се соочи со политички превривања. Но вистинските проблеми на Александар лежат во неговите деца, кои растат и се противат на неговиот авторитет. Лукреција оформува чуден сојуз помеѓу Ваноза и Џулија и заедно коваат завера за борба против корупцијата во Ватикан. Ривалството помеѓу Чезаре и Хуан наскоро ќе се претвори во омраза, кога фаворизирањето на нивниот татко што го прави кон Хуан предизвикува Чезаре да ја употреби својата мрачна страна. На други места во Рим, стариот непријател на Александар, Дела Ровере, влегува инкогнито во градот и кова завера за негов атентат.
Епизода 7:
Хуан се враќа од Шпанија заедно со својата свита генерали на конквистадорите кои ги предводи гордиот дон Ернандо. Александар е импресиониран од новостекнатата самодоверба на својот син и му наредува да ги води папските армии за да го опсадат замокот на Катерина Сфорца. Во меѓувреме, Лукреција ги сопира напорите да ја омажат. Нејзиниот татко сака да ја даде за богатиот трговец од Џенова, принцот Калвино, но тврдоглавата Лукреција продолжува да флертува со неговиот помлад брат Рафаело. Дела Ровере го регрутира младиот фратар со ангелско лице Антонело да биде „самоубиствен“ убиец во неговата завера со труење…