сезона: 3

епизода: 1 - THE BLONDE IN THE WOODS

Содржина

Симпатичната и необична серија на Ејч-Би-Оу, „Здодевно до смрт, која се заснова на полуавтобиографските мисли на еклектичниот автор, Џонатан Ејмс, ја продолжува приказната за писателот (Џејсон Шварцман) опседнат со „ноар романи, кој исто така е и нелиценциран приватен детектив кој ги нуди своите услуги на веб-страницата за огласи „Крегслист. На почетокот на третата сезона, Џонатан се сели во еден стан во фасцинантната и иконска зграда во Бруклин, „Вилијамсбург Бенк Тауер. Оваа година тој ќе продолжи да ги користи своите детективски вештини за различни клиенти, додека врши и една лична потрага по својот биолошки татко. Во меѓувреме, наркоманот/менторот Џорџ Кристофер (Тед Денсон) кој ги прекинува врските со списанието на крајот од втората сезона, отвора ресторан и се обидува да ги поправи своите родителски грешки со ќерката Емили. А другарот на Џонатан, Реј (Зак Галифијанакис) кој е цртач на стрипови и малку пати од синдром на пост-трауматски стрес од бодењето кое го доживеа во втората сезона, од прва рака дознава за татковството кога една двојка лезбијки кои ја купиле неговата сперма на црниот пазар го контактираат по нивниот развод. Борби со мечови и маски, романи и љубовни афери низ Њујорк. Апсурдните авантури и случувања на триото продолжуваат.
Епизода 1:
Откако го прославува издавањето на својата нова книга, „Русокоса во шумата, Џонатан дознава вознемирувачки семејни вести. Џорџ повторно се соединува со својата ќерка, Емили и го запознава нејзиното ново момче. Реј се дружи со својот биолошки син, Спенсер. Во меѓувреме, најновиот случај на Џонатан го става во неизвесна положба.

Слики

Здодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртЗдодевно до смртUbi me dosada 01Ubi me dosada 02

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Смрт во рајот (2011)

    image
    Радња се одвија око лика строгога британског полицајца Рицхарда Поолеа, који је послан на рајски оток Саинт-Марие на Карибима ријешити мистериозно убојство. Но...
  • Нови стари случајеви (2003)

    image
    Шаролика скупина умировљених полицајаца поновно отвара проблематичне случајеве који никада нису закључени. Од откриќа новога мотива у убојству професора на...
  • Менталист (2008)

    image
    Тој е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови. Тој е менталист, кој користи софистицирани...
  • Злосторнички умови (2005)

    image
    Напната криминалистичка серија за една елитна екипа профилирачи кои анализираат дел од најизопачените мозоци на сериските убијци од целата земја, обидувајќи се да...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.