сезона: 10
епизода: 10 - The One Where Chandler Gets Caught
Содржина
Кога Фиби и Рејчел го гледаат Чендлер како влегува во кола со убава жена во тек на работното време, тие го следат во предградието и сведочат како со жената влегува во една голема куќа. Плашејќи се дека Чендлер ја изневерува Моника, тие ја информираат - и дознаваат дека жената е агент за недвижнини. Парот тајно пазарел куќи и се мачел како да им каже на најдобрите пријатели дека ќе го напуштат градот. Во емоционална монтажа, снимки од претходни епизоди осветлуваат повеќе искуства кои ги споделувале пријателите во станот на Моника и Чендлер.