сезона: 1
Содржина
„Индустрија“ ни го прикажува светот на меѓународните финансии. Серијата следи една група од амбициозни млади дипломци што се натпреваруваат за позиции во една врвна инвестициска банка во Лондон.
„Индустрија“ ни го прикажува светот на меѓународните финансии, како што е виден низ очите на амбициозните дваесетинагодишни луѓе што се борат да ја обезбедат сопствената иднина. Серијата следи една група млади дипломци што се натпреваруваат за неколку позиции во една врвна инвестициска банка во Лондон – но границите помеѓу колегијалноста, пријателството, љубовта и непријателството наскоро се губат кога тие влегуваат во една компаниска култура што ја дефинираат сексот, дрогата и егата, во иста мерка колку и зделките и дивидендите. Додека членовите на групата доживуваат подеми и падови, тие мора да одлучат дали во животот има нешто повеќе од борбата за успех.