сезона: 1
епизода: 11 - The Labyrinth of Gedref
Содржина
Артур и Мерлин заминуваат на лов, каде догледуваат еднорог. И покрај противењето на Мерлин, Артур го убива прекрасното суштество, за неговиот рог да го однесе на Утер за украс. Будалестите татко и син го игнорираат предупредувањето на Гај дека убиството на еднорог ќе им донесе голема несреќа. Набргу после тоа ќе им овенат сите посеви, а водата ќе им се претвори во песок. Но тогаш во Камелот пристига таинствената Анхора, заштитница на еднорозите, да му соопшти на Артур дека неговата глупост го проколнала кралството и дека само тој може да ја симне клетвата. Тоа значи дека мора да научи нешто за скромноста, па заедно заминуваат во лавиринтот на Гедреф, каде што ќе биде тестиран.