„Квиз“ ја раскажува необичната и сензационална приказна за Чарлс Инграм, бивш мајор во британската армија, кој предизвика голем скандал откако беше фатен дека мами за да освои милион фунти на квизот „Кој сака да биде милионер“.
Триделната драмска серија „Квиз“ е заснована на необичната и сензационална вистинска приказна за тоа како Чарлс и Дијана Инграм се обидоа да извршат ’невиден грабеж’ на квизот „Кој сака да биде милионер“. На 9 септември 2001 г., мајорот Инграм, неговата сопруга Дијана и уште еден соучесник, Теквен Виток, кој седеше во публиката, беа обвинети дека мамат за да освојат милион фунти на тогаш најпопуларниот ТВ квиз на светот. Парот беше обвинет за конспирација затоа што со кашлање ги потврдуваа точните одговори на поставените прашања од страна на домаќинот Крис Тарант.