Атлантик Сити, 1921. Во град чие богатство порасна во предвечерјето на прохибицијата, Наки Томпсон (Стив Бушеми) плаќа голема цена за да ја добие најголемата моќ во „светското игралиште“.
„Апсолутна власт“ е хит серијата која доби награда „Златен глобус“ и која го прикажува животот и времето на Инох „Наки“ Томпсон, „Царот на Атлантик Сити“ (Стив Бушеми) во времето кога прохибицијата се покажала како главен фактор за растот на организираниот криминал во Америка. Дејствието во втората сезона од „Апсолутна власт“ се одвива неколку месеци по крајот на првата сезона во 1921, откако изгледаше дека Наки и неговите поручници - меѓу кои е и младиот ветеран од Првата светска војна, Џими Дармоди, кого Наки го израснал – ја зацврстуваат својата власт преку успешно местење на изборите, при што за градоначалник е избран човек на Наки. Сепак, по еден крвав напад на ККК во магацинот за шверцуван алкохол на Чоки Вајт, моќта на Наки во Атлантик Сити ослабува, првенствено поради федералните агенти кои го апсат за изборна измама и му ја претресуваат канцеларијата, а и поради членовите на неговиот потесен круг, па дури и поради неговото семејство, кое се здружува со таткото на Џими, стариот комодор, Луис Кестнер, во обид целосно да го отстранат Наки. Во меѓувреме, мафијашите како Арнолд Ротштајн, Лаки Лучијано, Мејер Лански и Ал Капоне ја чекаат вистинската шанса да земат што е можно поголем дел од колачот на Наки.

Беше на каналите:

Top Channel  HBO3  Stinet  HTV1  HBO  HTV3  

Препораки
  • Нарко-мрежа (2002)

    image
    За време на судењето на Дианџело Барксдејл, дилер на дрога обвинет за убиство, главниот сведок на одбраната го повлекува сведочењето и го ослободува Дианџело од...
  • Момците од Медисон (2007)

    image
    Сместен во 60-тите во Њујорк, „Момците од Медисон“ ја истражуваат гламурозната и од его движената „златна епоха“ на рекламите, каде што секој продава нешто и...
  • Дедвуд (2004)

    image
    Година је 1876. а место дешавања Блек Хилс у Јужној Дакоти. У доба пљачкања и похлепе, најуноснија златна грозница у америчкој историји привукла је мноштво...
  • Банши (2013)

    image
    Поранешниот затвореник и експерт за крадење, Лукас Худ, го презема идентитетот на шерифот од Банши, Пенсилванија, и ги продолжува своите криминални активности...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.