Содржина
Олег е млад и надарен болничар. Неговата амбуланта јури од еден повик на друг за да спаси нечиј живот. Неговиот фокус секогаш е на невозможното. Неговата кариера, семејството и сопствениот живот – може да почекаат. Или не можат?
Олег е млад и надарен болничар. Жена му Катја работи како сестра во болничкиот оддел за итни случаи. Таа го сака Олег, но му замерува што обрнува повеќе внимание на пациентите одошто на неа. Таа му вели дека сака развод. Новиот шеф на медицинскиот оддел на Олег е ладнокрвен менаџер кој има нови строги правила. Олег не го интересираат правилата – тој има животи за спасување. Неговиот однос му носи неволја со новиот шеф. Кризата на работа се вклопува со кризата во личниот живот. Заробени помеѓу нивните пациенти, алкохолот кога не се на смена и променливиот здравствен систем, Олег и Катја мора да најдат некаква сила што ќе ги задржи заедно.