Содржина
Овој документарец претставува интимен портрет на холивудската аристократија и нa целата нејзина ексцентричност. На 83 години, големата дама Деби Рејнолдс (ѕвездата на „Пеење на дождот) сѐ уште настапува во Лас Вегас, облечена во златно ламе. Но, настапите го земаат својот данок, па здравјето на Деби страда. Тоа дејствува многу лошо врз нејзината ќерка, актерката на „Војни на ѕвездите, Кери Фишер, чија реакција е воедно смешна и трогателна. Јасно е дека папочната врвка помеѓу нив двете никогаш не била исечена. Преку оригиналните семејни филмови се оживува легендарната историја на стариот Холивуд. А богатите снимки нѐ носат и во срцето на Беверли Хилс денес, каде што Кери и Деби живеат отсекогаш. Ова е филм за шоу-бизнисот и за семејната љубов.