Содржина
Инспиративната вистинита приказна почнува во едно мало рударско место во Велс, каде што локалната келнерка одлучува да одгледа врвен тркачки коњ. Заедно со својот сопруг Брајан, како и со Хауард, кој има искуство со коњи, тие ги здружуваат средствата и купуваат една чистокрвна кобила, позната по бавноста, па ја парат со еден остарен пастув. Заедно со останатите од селото, тие се грижат за ждребето и го одгледуваат и тренираат, а кога пораснува, коњот им се оддолжува со сензационални победи врз исфорсираните ривали. Изгледа како да живеат во најубавиот сон, но на славната трка во Ајнтри, коњот за малку умира. Сопствениците одбиваат да го усмртат, па ја собираат целата своја добивка и ја вложуваат во еден експериментален третман со матични клетки. Коњот чудесно закрепнува, но го чека враќање во Ајнтри каде што се одржува големото национално првенство.