Содржина
Драма за заплетканиот однос помеѓу четворица луѓе и една видеокамера. Адвокат, кој има афера со својата балдаза, пречекува на посета еден стар пријател од факултет кој има интересно хоби, снима жени кои зборуваат за својата сексуалност.
Полн со сензуалност и со хумор, изненадувачкиот однос помеѓу тројцата главни субјекти се открива во филмот „Секс, лаги и видео ленти“. Греам е одамна заборавен пријател од факултет кој се враќа во градот и во животите на женкарот Џон, неговата ангелска сопруга Ен и нејзината згодна сестра Синтија. Еден по еден, сите тие се вовлечени во „личниот проект“ на кој работи Греам, што засекогаш го преобразува нивниот меѓусебен однос.