рејтинг: 7.8/10
Оценка на корисникот: 10/10

Содржина

Документарец што ја следи црногорската уметница додека се подготвува за еден од најважните мигови во нејзиниот живот, големата ретроспектива на нејзиниот опус во њујоршкиот Музеј на модерната уметност.
Заводлива, бестрашна и скандалозна, речиси четириесет години, Марина Абрамовиќ го редефинира поимот за уметноста што важеше претходно. Таа го користи сопственото тело како медиум, туркајќи се себеси над своите физички и ментални граници, понекогаш ризикувајќи го својот живот додека го прави тоа. Таа создава перформанси што предизвикуваат, шокираат и трогнуваат. Преку неа и со неа ги минуваме границите, ни се проширува свеста и повторно се раѓа уметноста каква што ја познаваме. Напросто, таа е една од најмоќните уметници на нашето време. Таа, исто така, е и гламурозна икона во светот на уметноста, контроверзен симбол и мит во самосоздавање. И сигурно не наликува на ниеден човек што сте го запознале досега. Документарецот „Марина Абрамовиќ: Уметникот е тука“ нè води во светот на Марина, следејќи ја додека се подготвува за еден од најважните мигови во нејзиниот живот, големата ретроспектива на нејзиниот опус во њујоршкиот Музеј на модерната уметност. Да се претстави својата ретроспектива во еден од најважните светски музеи, за секој уметник претставува највисоко достигнување. За Марина тоа е и многу повеќе. Тоа е шанса конечно да одговори на прашањето што постојано го слуша цели четири децении. А тоа е: „Зошто ова е уметност?“

Слики

Марина Абрамовиќ: Уметникот е тукаМарина Абрамовиќ: Уметникот е тукаМарина Абрамовиќ: Уметникот е тукаМарина Абрамовиќ: Уметникот е тукаМарина Абрамовиќ: Уметникот е тука

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • The Rossellinis (2020)

    image
    Roberto Rossellini was a genius of the cinema and a distinctly anti-conformist father. His romances filled the front pages of newspapers around the world,...
  • Боби Фишер против света (2011)

    image
    Документарни филм који истражује трагичан и бизаран живот мајстора, Бобија Фишера. Неоспорна је драматичност његове каријере, од проблематичног детињства, преко...
  • The Edge of Democracy (2019)

    image
    Political documentary and personal memoir collide in this exploration into the complex truth behind the unraveling of two Brazilian presidencies.
  • Изгубената пирамида на Египет (2019)

    image
    Неверојатно откритие е направено во пустината во Северен Егиpет: пирамида со запечатена погребна просторија. Содржината во неа е поместена, но нема знаци на...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.