Содржина
Заснован на вистинска приказна која ќе го инспирира светот, „Кралот Ричард“ го следи патешествието на Ричард Вилијамс, непоколеблив татко кој е клучен во одгледувањето на две од најталентираните спортистки на сите времиња и кој ќе го промени тенисот засекогаш. Двапати номинираниот за „Оскар“, Вил Смит, го игра Ричард под режисерската палка на Рејналдо Маркус Грин („Монструми и луѓе“). Воден од јасната визија за нивната иднина и користејќи неконвенционални методи, Ричард има план кој ќе ги одведе Венус и Серена Вилијамс од улиците на Комптон, Калифорнија, до глобалната сцена како легендарни икони. Длабоко трогателниот филм ја покажува моќта на семејството, истрајноста и непоколебливата верба како средства да се достигне невозможното и да се влијае на светот.