poster

По една ноќ

The Night Of (2016)

Драма | САД

Каде да се погледне
Емисијата не е достапна во државата

сезона: 1

епизода: 2

Содржина

Кратка серија во осум дела во која се истражуваат мрачните агли на правосудниот систем во Њујорк, каде еден млад Американец со пакистанско потекло се соочува со доказите дека убил една млада девојка.
Во „По една ноќ“ се дава еден современ поглед на криминалот, на презумпцијата на невиност и на урбаниот затворски систем, прикажувајќи го заплетот во еден сложен случај со убиство во Њујорк, со приказ на културните и политичките влијанија. Серијата „По една ноќ“ се одвива во текот на осум мачни часа, прикажувајќи им на гледачите еден нов приказ на криминалистичкиот драмски жанр преку еден случај на убиство и разните гледни точки во него. Во серијата игра Џон Туртуро во улога на адвокатот на одбраната, како и Риз Ахмед во улога на неговиот млад клиент, Американец со пакистанско потекло. Приказната се фокусира на бруталното убиство на една млада жена од Менхетен и се прикажани првичната полициска истрага, апсењето, притворањето на главниот осомничен, симпатичен, обичен студент, кој заедно со неговото семејство е втурнат во амбисот на кривичниот правен и казнен систем на Њујорк. Во меѓувреме, неговиот адвокат, кој има среќа да работи на најголемиот случај во својот живот, се вплеткува во мрежа на сложени правни маневри од страна на детективите и противничките адвокати кои ја поткопуваат неговата способност да го води случајот. Според сценариото на Стивен Зајлијан (добитник на „Оскар“ за „Шиндлеровата листа“) и на Ричард Прајс („Жица“, номиниран за „Оскар“ за адаптираното сценарио на „Бојата на парите“), „По една ноќ“ ни ги прикажува правосудниот систем на Њујорк и чистилиштето во Рикерс Ајленд каде што обвинетите го чекаат судењето за кривичните дела.

Слики

По една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќПо една ноќ

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Моќ (2014)

    image
    Јамес Гхост Ст. Патрицк има све: прелепу жену, предиван стан на Менхетну и новоотворени ноќни клуб у Њујорку. У његов клуб, Трутх, долази само елита: позната и...
  • Silent Hunt (1971)

    image
    In German with English subtitles. Alexander Bukow is a cop who doesn't mind working at the edge of the law to get results. His straight-laced partner, Katrin...
  • Тропски смртни случаи (2019)

    image
    На тропском острву Мартинику две полицајке су присиљене да се удруже како би решиле неколико случајева убистава. Једна прати закон и ред, док друга има...
  • Homicide Unit Istanbul (2008)

    image
    Istanbul police commissioner Mehmet Özakin is in charge of serious crime, mainly murder investigations, mostly in the Turkish metropolis. A very modern Turk, he...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.