сезона: 1
Содржина
Куба е злогласен варшавски дилер на кокаин. Тој е перфекционист и одметник кој сака сѐ да држи под контрола, вклучително и сопствениот имиџ. Тој е мистерија за остатокот од светот. Луѓето околу него гледаат само едно убаво лице, скапи алишта и луксузен автомобил. Малку се знае за него, но тој знае многу луѓе. Неговата клиентела вклучува политичари, славни личности, богати сопруги, хип-хоп ѕвезди и хипстери. Тој се дружи со локалните мафијаши кои ги предводи Струј со кого го има истиот шеф, Јацек. Негов единствен близок пријател е Пазина.
На Куба му е доста од тој начин на живот и сака да избега некаде далеку, па купува два билета во еден правец. Следната недела ќе лета за Аргентина. Но, пред да си замине, тој прво треба да среди некои работи. Во меѓувреме, стариот мафијаш Дарио е пуштен по неколку години поминати во затвор. Нивните патишта неочекувано ќе се вкрстат, што ќе го присили Куба да се соочи со својот моментален живот и со одлуките што ги има донесено, но и што ќе ги донесе. Дали Куба ќе собере доволно храброст за да се соочи со сопствените демони?