сезона: 1
Содржина
Според серијалот романи од Едвард Сент Аубин, „Патрик Мелроуз ни ја прикажува британската висока класа преку животот на главниот лик, од детството полно со трауми, преку злоупотребата на дрога во подоцнежниот период од животот, па сè до конечното закрепнување. Бенедикт Камбербач (Шерлок) го игра Патрик Мелроуз, аристократ и плејбој, кој се обидува да се справи со штетата што му ја нанел татко му, но и мајка му која не го осудувала тоа однесување. „Патрик Мелроуз е вистинита телевизиска сага која на смешен и драматичен начин ни го пренесува дејството од Јужна Франција во 1960-тите, преку Њујорк од 1980-тите и подоцна во Британија од почетокот на 2000-тите. Серијата ќе посвети по еден час за секој од петте романи, а секоја епизода раскажува неколку хаотични денови од животот на Патрик.
Еп. 5
Лондон, 2005 година. Патрик отсекогаш сонувал да биде сирак, па сега му се исполнува желбата на четириесет и шестгодишна возраст. Патрик повеќе не е со Мери, не се дрогира и живее сам во еден мал и депресивен стан. На погребот, кога гостите почнуваат да пристигнуваат, Патрик размислува за последната година од барањето на Еленор за евтаназија. Кога гостите почнуваат да си одат од комеморацијата, радоста на Патрик поради тоа што е сирак почнува да бледнее. Кога пристигнуваат вести и дека Николас умрел од срцев удар, Патрик сфаќа дека целото друштво на неговите родители се мртви. Патрик сега почнува да гледа иднина и можност да се помири со своето семејство.