сезона: 2
Содржина
„Преспивање е во извршна продукција на Џад Апатоу и Пит Холмс и е инспирирана од личните искуства на Холмс во светот на стендап комедијата, прикажувајќи ни го надежниот комичар по име Пит (Холмс) кој открива дека жена му Џесика (Лорен Лапкус) го мами, по што се сели во Њујорк за да го следи својот сон како комичар. Откако се наоѓа во еден не баш пријатен дел од градот, Пит учи тешки лекции за животот и комедијата, среќавајќи секакви комичари по пат, од циничниот гуру Арти Ланг до провокаторот Т. Џ. Милер и мотиваторката Сара Силверман, како и многу други. Додека се обидува да се снајде преспивајќи по станови, на туѓи каучи (оттука е и името на серијата), Пит наоѓа добрина на чудни места и се преобразува во човек кому не му пречи хаотичноста на животот. „Преспивање е серија за хуморот, убавината и грациозноста во лудницата на њујоршката хумористична сцена.