сезона: 1
епизода: 6 - GIRLS ARE FUNNY, TOO
Содржина
„Умирам тука горе ја прикажува борбата за успех на хумористичната сцена во Лос Анџелес од 1970-тите. Секоја вечер, една група надежни комичари чекаат за настап во „Голдис, најпознатиот клуб за стендап-комедија во градот. Но, прво ќе мораат да ја освојат Голди (Мелиса Лио) која е неприкосновена владетелка во бизнисот. Стендап-комедијата е како дрога за овие комичари, па ќе жртвуваат сѐ за да ја добијат својата доза. Тие не се срамат да ги споделат своите најдлабоки мисли и најмрачни тајни во надеж дека некој ќе се насмее. Серијата е во извршна продукција на Џим Кери.