сезона: 2
епизода: 2 - THE WRITING ON THE WALL
Содржина
Во оваа неконвенционална комедија-драма, Бил Пакстон („Вонземјани „Ураган) го глуми Бил Хенриксон, полигамист од Јута, кој е во брак со три, навидум задоволни, венчани сопруги -- Барб (Џеин Триплхорн - „Фирма, „Основен инстинкт); Ники (Клои Севињи - „Момчињата не плачат, „Растурено стакло); и Марџин (Џинифер Гудвин - „Ед, „Насмевка како Мона Лиза). Со седум деца, три нови куќи и отворање на неговата последна продавница за хардвер, животот е добар за Бил во предградијата на Солт Лејк Сити, сѐ додека не пристигнуваат потресни вести за неговиот татко (Брус Дерн - „Чудовиште), присилувајќи го Бил повторно да се поврзе со своите полигамни родители кои живеат на една мормонска, фундаменталистичка населба во рурална Јута.
Повеќето мажи имаат доволно проблеми со една сопруга. Но, три--?! За да се справи со три, мажот мора да има „Голема љубов.