сезона: 3
Содржина
Наградуваната комедија „Епизоди, која доби одлични критики, се враќа со долгоочекуваната трета сезона. Во оваа урнебесна серија, Мет Лебланк ја игра скандалозната верзија на самиот себе, а за импресивната и повеќестрана улога доби „Златен глобус. Стивен Манган и Тамсин Грег, бисерите на британската комедија, се во улогите на Шон и Беверли Линколн, англиска брачна двојка, чија британска хит серија се преработува за американската публика и е видоизменета до непрепознатливост.
Во првите две сезони Шин и Беверли одат во Холивуд за да ја адаптираат својата позната британска комедија со наслов „Лиманс бојс, во која се работи за еден интернат, но нивната американска мрежа им ја осакатува и ја нарекува „Пакс, преобразувајќи ја во комедија за еден средношколски хокеарски тренер, во која игра Мет Лебланк. Не е чудно што шоуто добива лоша критика и никаков рејтинг. Уште полошо е што Беверли спие со Мет во момент на пијано лудило, па нејзиниот брак е уништен исто како и нејзината телевизиска серија.
На почетокот на третата сезона, Шон и Беверли се смируваат. Но тие наскоро дознаваат дека не е толку лесно да се залечат старите рани, особено кога се откриваат дополнителни тајни за времето додека биле разделени. Работите стануваат потешки и за Мет оваа година, бидејќи неговата кариера и неговото его постојано се под напади.