сезона: 2

епизода: 9 - HOMECOMING

Содржина

Од извршниот продуцент Алан Бол, создавачот на „Вистинска крв, оваа акциона драма на „Синемакс ги прикажува постојаните перипетии што го следат Лукас Худ (Ентони Стар), поранешен затвореник, кој го презема идентитетот на шерифот во Банши, рурален град во областа на Амишите, каде што неговата поранешна љубовница и партнерка во криминалот (Ивана Миличевиќ) живее со сопствен нов идентитет како Кери Хоупвел.
Втората сезона продолжува веднаш по финалето на првата сезона, кога таткото на Кери, водачот на бандата Ребит (Бен Крос), умира по една жестока престрелка во складиште. Кери е разоткриена, таа е отуѓена од својот сопруг и од децата и е растргната помеѓу својата посветеност на семејството и нејзината поврзаност со Лукас, кој пред повеќе години се предал за да ја спаси неа.
Во втората сезона, откако Лукас бега од притворот и е испрашуван од агентот на ФБИ Џим Расин (Зељко Иванек), како шериф има работа повеќе од кога било, справувајќи се, меѓу другите работи, и со убиството на една девојка од племето Кинахо, како и со постојаното зголемување на напнатоста помеѓу главатарот на Амишите, Кај Проктор (Улрих Томсен) и главатарот на племето Кинахо, Алекс Лонгшедоу (Ентони Руививар) и со недобредојденото појавување на еден изненадувачки посетител, расипаниот син на вистинскиот (мртов) Лукас Худ.

Слики

БаншиБаншиБаншиБаншиБаншиБаншиБаншиБаншиБаншиБаншиБаншиBanshee 01Banshee 02Banshee 03Banshee 04

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • НЦИС (2003)

    image
    Ова од критике и публике изузетно хваљена серија крцата је акцијом и интригантним случајевима врхунског тима специјалних агената који раде изван владиног...
  • Истрага на местото на злосторството-Њујорк (2004)

    image
    У центру пажње је Мек Тејлор (Гери Синис) начелник њујоршке криминалистичке лабораторије, чији је посао да и у ситуацијама које оскудевају (видљивим) доказима...
  • Истрага на местото на злосторството: Мајами (2002)

    image
    Врвна телевизиска забава, синоним за криминалистичка серија која со своите детективски теми ги постави највисоките критериуми, а детективот Хорејши Кејн го вивна...
  • Плаве крви (2010)

    image
    Серија прати живот обитељи Реаген, чија је глава обитељи Франк Реаган (Том Селлецк), полицијски начелник. Његова кќи Ерин (Бридгет Моyнахан) је помоќник окружног...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.