сезона: 2
Содржина
Ејч-Би-Оу ја претставува втората сезона од комедијата која ги обработува урбаните авантури на Бен (Брајан Гринберг), талентиран дизајнер кому судбината му била да му се откажуваат претходните проекти кои ги работел со страст, и на Кем (Виктор Расук), најдобар пријател на Бен кој е потенцијален могул со слободен дух. Во оваа сезона тие продолжуваат да работат на својата линија маици и блузи, а по едно (потенцијално) лукративно патување во Јапонија, Бен и Кем пребаруваат низ центарот на њујоршката сцена за да најдат нови деловни врски, користејќи ја секоја можност да бидат забележани во претерано конкурентската модна индустрија. Некои од ликовите кои ги сретнуваме покрај Бен и Кем се поранешната девојка на Бен, Рејчел (Лејк Бел), декораторка на ентериер која сега бара смисла во животот по патувањето во Африка и Европа; Доминго (Скот „Кид Куди Мескуди), улично момче со добри врски и со свој „претприемачки бизнис; Дејвид „Капо Каплан (Еди Кеј Томас), менаџер на финансиски фонд и нивен познаник од средно училиште; како и роднината на Кем, Рене (Луис Газман), поранешен затвореник кој има сопствен план за збогатување преку рекламирање на својот енергетски пијалак „Раста Монста.