сезона: 8
Содржина
Поминати се 10 години од терористичкиот напад на облакодерите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Мек се навраќа на денот кога ја изгубил сопругата Клер, која се обидувала да ги извлече луѓето од урнатините. Сид и Хоукс работеле во импровизирана болница на отворен простор, помагајќи им на ранетите. Меѓу другите, кои безрезервно давале помош е и Мек, кој на раце носел пожарникар, но за жал, не успеал да го спаси. Во моменти на сеќавање на тој кобен ден, ЦСИ тимот се труди да открие нов случај на убиство во еден бар, кое ќе донесе многу заплети.