сезона: 1
Содржина
Измамени од дволичноста на мајор Донахју, Скот и Стоунбриџ стануваат заробеници со четворица заложници од ЕУ во дивината на Косово. Додека Грант и нејзиниот тим во Виена макотрпно работат за да ја лоцираат групата, локалниот дилер на дрога, Хасани смислува сопствен план за да ги елиминира сите, освен Дејна, која би имала добра цена како секс-робинка и Ален, двојниот агент кој му дава информации на Латиф. Со помош од еден неочекуван сојузник, Скот и Стоунбриџ ја спасуваат групата од заробеништво, но на патот до слободата имаат уште опасни средби. Додека расте бројот на мртвите, на површината испливува уште една изопачена страна на мрачната империја на Латиф. Тоа е фармата за човечки органи, чија жетва може да пристигне од агент на „Оддел 20“.