сезона: 1

епизода: 2 - Part Two

Содржина

HBO ја претставува својата најнова мини серија: „Милдред Пирс, која ги оживува незаборавните ликови од класичниот роман на Џејмс М. Кејн од 1941 во кој се прикажани гордоста и привилегиите на средната класа. Во серијата игра познатата актерка, Кејт Винслет (добитничка на Оскар за „Читачот) во главната улога, а косценарист и режисер е Тод Хејнс (номиниран за Оскар за сценариото „Далеку од рајот). Оваа драма во пет дела претставува интимен портрет на една уникатно независна жена која се разведува за време на Депресијата, па се бори да изгради нов живот за себеси и за своето семејство. Драмата ја прикажува неразумната посветеност на Милдред кон својата разгалена ќерка, Веда (која ја игра Еван Рејчел Вуд во подоцнежните делови), како и сложените врски кои таа ги дели со безволните мажи во својот живот, како и нејзиниот љубовник, играч на поло, Монти Берагон (Гај Пирс) и поранешниот сопруг, Берт Пирс (Брајан Ф. О'Бирн).
Втор дел:
1931 година. Деловната состојба на Милдред се подобрува кога почнува да ги продава своите домашни пити во ресторанот. Со помошта од Воли Бурган, поранешниот деловен партнер на Берт, таа го наоѓа совршениот простор за да започне ресторан за пилешко и пити кога бизнисот почнува да цвета, иако нејзиниот брак со Берт се заканува да ги секне финансиите. По разводот, Милдред станува сопственик на свој ресторан, но нејзината врска со ќерка ѝ, Веда, почнува да се вжештува. На последниот ден во ресторанот, Милдред започнува неочекувана романса кога импулсивно се придружува на еден згоден муштерија, Монти Берагон, одејќи на одмор на брегот на Санта Барбара. За жал, нејзината среќа е куса бидејќи доаѓа до трагедија кога двојката се враќа дома.

Слики

Милдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсМилдред ПирсMildred Pierce 02Mildred Pierce 03Mildred Pierce 04Mildred Pierce 05Mildred Pierce 07Mildred Pierce 08Mildred Pierce 09Mildred Pierce 11

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Милијарди (2016)

    image
    Добитници Емија и Златног глобуса, Пол Џијамати и Дејмијан Луис, глуме у овој замршеној драми о улози политике у свету њујоршких високих финансија. Путеви...
  • Неочекивани живот (2010)

    image
    Нате Базиле, власник локалног бара, запањен је када сазна да има кќерку Луx која је одрасла у сиротишту и код многих хранитељских породица. Нате одведе Луx да...
  • Судењето на Кристин Килер (2018)

    image
    Лондон 1962 г.: Сиромашниот модел од работничка класа, Кристин Килер, повторно работи по кабареата. Помината е една година од нејзината тајна афера со...
  • Специјализант (2018)

    image
    Др. Рандолпх Белл (Бруце Греенwоод) је шеф кирургије у болници и очигледно пати од болести због које не би смио оперирати. Његове 'дрхтаве руке' њему не...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.